Техничка опременост

PROREADY - Техничка опременост

ПроМедиа своето производство го опреми според светските водечки стандарди, наложени од страна на фармацевтските куќи, а водено од добрата пракса и позитивните примери на својот ментор, компанијата HiMedia Laboratories.

Линијата за дозирање и подготовка е строго контролирана, како во поглед на исправност и прецизност на критериумите, така и во поглед на заштита и безбедност на вработените. Тука ги спроведовме најстрогите светски стандарди, со оглед на фактот дека здравјето и безбедноста на нашите вработени немаат цена.

Линијата на подготовка на хранливите медиуми се одвива синхронизирано во три медиапрепаратори, додека автоматското полнење е во контролиран простор Класа ISO7, со чист тунел Класа ISO4.

Сето ова гарантира висок степен на сигурност на нашите производи и стабилност во поглед на константноста и изедначеноста во квалитетот на хранливите подлоги.

  • Чиста соба класа ISO 7
  • Тунел за излевање класа ISO 5
  • Повеќе од 100m2 контролиран простор
  • 24h/7 надзор и запис на амбиенталните услови (притисок, температура, влага)
  • Автоматизирано производство (2000 плочи/час), големина на серија до 10,000 ком.
  • Полнилка – IQ design USA, Mediapreparatori – Systec, A.B.E., Пакувалка – IQ design USA